Игри за мобилни телефони што најмногу заработија во 2020 година

49
Little boy playing a mobile game against his sister

Пет игри за мобилни телефони, вклучувајќи ги PUBG Mobile и Honor of Kings од Tencent, генерираа повеќе од една милијарда долари во 2020 година, покажуваат податоците на Sensor Tower.

На врвот на листата се најде PUBG Mobile, во комбинација со кинеската верзија на Game For Peace, е најпродавана видео игра на App Store и Google Play минатата година, акумулирајќи 2,6 милијарди долари од почетокот на годината, што е за 64,3% повеќе во однос на 2019 година.

Honor of Kings генерираше приход од 2,5 милијарди долари во 2020 година, што е за 42,8% повеќе во споредба со една година претходно.

На трето место се најде Pokemon Go од Niantic со 1,2 милијарди долари приходи минатата година или 31,5% повеќе одошто една година претходно.

Фото: Freepik