Ikea започна со изградбата на првиот продажен објект во Србија

18

ikea

Фото: Ikea

Шведскиот производител на мебел Ikea започна со изградба на првиот продажен објект во Србија, пишува Бета.

Камен темелникот на продажниот објект на Ikea е поставен во населбата Бубањ Поток, што се наоѓа на периферијата на Белград.

Директорот на Ikea за југоисточна Европа, Стефан Вановербек, изрази задоволство што Србија е дел од глобалната мрежа на компанијата, којашто има 375 продажни објекти, работи во 47 земји и за која работат 172.000 луѓе.

“Србија игра важна улога во нашите напори за развој поврзани со тоа во југоисточна Европа до 2025 година да имаме 13 продажни објекти во Србија, Хрватска, Романија и Словенија“, изјави тој и најави дека Ikea планира да го прошири синџирот на добавувачи во Србија.

Во рамки на продажниот објект на Ikea, како што е најавено, ќе има 1.500 паркинг места, ресторан со 500 места и игротека за деца.