Илон Маск испорачува бесплатни респиратори за болници низ светот

54

Основачот на Tesla, милијардерот Илон Маск најави дека ги обновува напорите за набавка на потребната опрема на болниците ширум светот кои се борат против епидемијата на коронавирус, пренесува Futurism.

“Имаме дополнителни респиратори што ги одобри FDA (Food and drug administration). Ќе ги доставиме во болниците ширум светот во регионите на испорака на Tesla. Трошоците за уредите и доставата се бесплатни“, напиша Маск на Twitter.

Единствен услов, според Маск, е респираторите веднаш да почнат да се користат за пациенти кои имаат потреба од тоа, а не да се чуваат во магацин.

Претходно, Маск најави дека набавил 1.255 респиратори од Кина што треба да се пренесат во болниците во Лос Анџелес.

Фото: Facebook