Илон Маск како студент верувал дека овие работи ќе го променат светот

258

На почетокот на 90-тите години од минатиот век, денес милијардерот Илон Маск, бил студент кој силно верувал дека овие работи ќе го променат светот, па се поставува прашањето дали бил во право?

Интернет – Маск верувал дека глобалната мрежа, чии зачетоци биле токму во 90-тите години, ќе го промени човештвото од корен, а сега вели дека тоа било очигледно.

Мултипланетарен живот – милијардерот верувал дека “мултипланетарниот живот“ ќе го промени светот. Додека бил дете, многу често читал научно фантастични книги од каде добил идеја еден ден да “изгради вселенски брод што ќе го прошири дометот на човечкиот вид“.

Менување на генетиката кај луѓето – Маск верувал дека промените во човековата генетика би можелe да го промени светот. Тоа, како што верувал Маск, би може да ги ослободи луѓето од некоја болест или пороци.

Одржлива енергија – уште од млади години, Маск на себе си дал обврска да се грижи за судбината на човештвото и добил мотивација за создавање “чиста технологија за добивање енергија“.

Вештачка интелигенција – Маск во една прилика реко дека компјутерите ќе ги “надминат луѓето на било каков начин“. Со други зборови, роботите би можеле да ги заменат луѓето во различни области.

Фото: Instagram