Има ли во Македонија рудари што копаат биткоини?

88

Биткоинот, како дигитална валута што во последните месеци сè повеќе го привлекува вниманието на светската јавност, е познат по тоа што за неговото рударење е потребна голема количина на електрична енергија. Заработката од рударењето “лежи“ во разликата меѓу потрошената струја и вредноста на биткоинот. Доколку се намали неговата вредност, единствено што може е да се очекува само да поевтини струјата за да се оствари заработка.

Се поставува и прашањето дали има такви рудари и во Македонија? Според некои информации, се забележува зголемена потрошувачка на електрична енергија во одредени региони, посебно во околината на Скопје, каде што енергетските компании и порано регистрирале злоупотреби во електродистрибутивната мрежа.

Теоретски, од било кој компјутер којшто има пристап до електрична енергија и интернет, може да се рударат биткоини. Проценките на глобално ниво велат дека со глобалното рударење во секоја секунда се регистрираат над 150 илјади милијарди обиди за решавање на равенката.

За да може да се рударат биткоините, се користат компјутери што се специјализирани и поврзани на мрежата на криптовалутата. Нивна задача е верификување на трансакцијата помеѓу оние кои тргуваат со биткоинот. Овој процес вклучува решавање на равенка, којашто не е составен дел од верификација на движење на валутата и претставува безбедносна пречка да не смее никој лажно да не го уредува глобалниот запис на сите трансакции.

Како награда, рударите повремено добиваат и мала количина на биткоини што некогаш се споредува со лотарија.

За да го зголемат профитот, луѓето често пати се поврзуваат на мрежа голем број рудари, па дури и во цели складишта. Тоа значи голема потрошувачка на електрична енергија бидејќи компјутерите постојано работат на решавање на равенката.

Фото: Pexels