InCheckIn – хрватска апликација за брза регистрација на гости

23

incheckin-aplikacija

InCheckIn е хрватска мобилна апликација за брза регистрација на гости во приватни сместувачки капацитети, со помош на автоматизирано читање на личните документи.

“Трошев многу време на препишување на податоците од своите гости во eVisitor, па направив мобилна апликација што овозможува цела група туристи да внесам за неколку секунди. Само правам фотографии од лична карта или пасош“, вели Патрик Спагноло, основач и директор на InCheckIn, за Пословни дневник.

Апликацијата може да ги прочита скоро сите патни исправи на гости од целиот свет, како и на поголемиот број лични карти на гости од ЕУ, со што пријавувањето на eVisitor (информатички систем за пријава и одјава на туристи што ги поврзува сите туристички организации во Хрватска) е со минимална интервенција на корисникот. InCheckIn е целосно интегрирана со eVisitor и оттаму ги презема податоците за сместувачките единици и овозможува групни и поединечни пријави на туристи.

Корисниците на оваа апликација, треба да се пријават, да ги внесат гостите со едноставно фотографирање со камера на мобилните уреди, по што податоците се испраќаат на eVisitor. Цената на апликацијата е 18 евра, а може да се користи во Хрватска, Словенија, Австрија, Словачка, Германија, Велика Британија, Малезија и Сингапур.