Индија до 2026 година економски ќе ја престигне Германија

66

Индија, својата цел економијата да вреди пет илјади милијарди долари ќе ја достигне до 2026 година, со што ќе стане четврта најголема економија во светот, тврди CEBR.

Според извештајот на (CEBR), Центар за проучување на економија и бизнис, со седиште во Велика Британија, до 2034 година, јужноазиската земја ќе ја има третата најголема економија во светот.

“Индија ги престигна Франција и Велика Британија и стана петта светска економија во 2019 година. Се очекува да ја престигне Германија и да стане четврта до 2026 година, а потоа и Јапонија за да се најде на третото место на листата на најголеми економии во светот во 2034 година “, пренесува Russia Today.

Трите земји – Индија, Германија и Јапонија, ќе продолжат да се борат за позицијата трета светска економија во наредните 15 години, тврди CEBR.

Центарот, сепак напоменува дека слабиот раст во 2019 година го зголемува притисокот за спроведување на радикални економски реформи.

Индиската економија, која може да се пофали со најбрз раст во светот, порасна за 5% во однос на 2018 година.

Фото: Pexels