Најголеми извозници на ориз во светот

147

Извозот на ориз во текот на 2019 година достигна 21,9 милијарди долари, а приматот како најголем извозник го има Индија. Според податоците на World’s top exports, од оваа земја лани е извезен ориз во вредност од 7,1 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на ориз се и: Тајланд (4,2 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари), Виетнам (1,4 милијарди долари), Пакистан (1,2 милијарди долари), Кина (1,1 милијарди долари), Италија (624 милиони долари), Мјанмар (579 милиони долари), Камбоџа (430,6 милиони долари) и Уругвај (375,8 милиони долари).

Од 2015-та година до лани, меѓу извозниците на ориз, најголем скок има кај: Кина (296%), Холандија (75,7%), Парагвај (74,6%) и Камбоџа (51,1%).

Од друга страна, пад во извозот се забележува кај: Виетнам (48,6%), Пакистан (36,9%), Тајланд (7,7%), САД (6,3%) и Мјанмар (5,4%).

Фото: Pixabay