Индустриското производство со пад од 5% во мај

16

Индустриското производство во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи опаѓање од 5,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,1%.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 19,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4%.

Индустриското производство во периодот јануари – мај 2015 година, во однос на периодот јануари
– мај 2014 година, бележи намалување од 0,4%.