Инфинити базен со панорамски поглед сместен на 55-катница во Лондон

155

Дизајнерите од компанијата Compass Pools креираа инфинити базен со панорамски поглед од 360 степени. Тој ќе биде сместен на кровот од 55-катна кула висока 220 метри.

Infinity London, ќе се наоѓа во главниот град на Англија и ќе биде изработен од акрил наместо од стакло, поради тоа што тој материјал ја пренесува светлината.

Подот на базенот, исто така, ќе биде транспарентен што ќе овозможи на посетителите да ги видат пливачите горе. До него ќе се пристапува преку ротирачки спирални скали коишто ќе се издигнуваат од подот на базенот ако некој сака да се качи или симне.

Целиот процес ќе биде поврзан и контролиран компјутерски, а ќе се води сметка за температурата и за водата да не излегува од базенот. За загревање на водата ќе има иновативен систем што ќе ја користи отпадната енергија од клима уредите во зградата.

Се очекува изградбата да започне во 2020 година, а на горните катови ќе се наоѓа интернационален хотел со пет ѕвезди.

Фото: Compass Pools