Инфлацијата во Јужна Кореја на деветгодишен максимум

12

Инфлацијата во Јужна Кореја се зголеми и во мај го достигна највисокото ниво од 2012 година. Како причина за тоа се наведува забрзување на економското закрепнување на земјата, како и шпекулациите дека централната банка на земјата би била меѓу првите во регионот што ќе започне да ја нормализира монетарната политика.

Инфлацијата на годишно ниво се зголеми на 2,6 од 2,3% во априl, што одговара на просечната оценка на економистите. Во однос на претходниот месец, потрошувачките цени се повисоки за 0,1%, пренесува Bloomberg.

Инфлацијата расте на глобално ниво бидејќи повисоките трошоци влијаат на потрошувачките цени и се поставува прашањето кога централните банки би можеле повторно да ги подигнат каматните стапки. За централната банка на Јужна Кореја зголемување на цените е одраз на економското заздравување, што би требало да биде причина за зголемување на рекордно ниските каматни стапки.

“Банките ќе реагираат доколку забележат раст на инфлацiјата. Забрзување на инфлацијата е глобалеn феномен што се очекуваше. Прашање е дали таа инфлација, поттикната од трошоците за суровини, ќе се прелее во инфлација водена од поголема побарувачка“, смета Лим Донг мин, економски аналитичар.

Базичната инфлација на Јужна Кореја, што не ги зема предвид цените на земјоделските производи и нафтатa, се зголеми на 1,5% на годишно ниво.

Фото: Pexels