Иновација го уништува коронавирусот во системот за вентилација

137

Компанијата Propokan Pro од Белград разви стерилизационен канал што спречува ширење на коронавирусот во сите објекти со централизирана климатизација и вентилација. Оваа иновација веќе се применува во некои здравствени установи, а компанијата преговара за пласирање на технологијата на европскиот пазар, пренесува Бизнис и финансии.

Иновацијата е наменета за сузбивање и ублажување на последиците од пандемијата.

“Препораките на експертите, поради можноста за ширење на Ковид-19 преку воздух, да се исклучат системите за климатизација во трговските центри, деловните простории и други затворени објекти, за нас беше сигнал да развиеме производ што би одговори на потребите на пазарот“, вели Милан Зрниќ од Propokan Pro.

Ова решение може да има широка примена во клинички центри, деловни и станбени објекти, хотели, спортски сали, трговски центри и други објекти во коишто има централизирана климатизација и вентилација.

Фото: Freepik