Иноватор станува извршен директор на Ferrari

15

Човекот кој стои зад неколку технолошки иновации поврзани со iPhone го презема местото извршен директор на автомобилскиот бренд Ferrari, истакнувајќи ја доминацијата на технологијата во автомобилската индустрија, којашто поминува низ најголемата трансформација на векот, пренесува Bloomberg.

Италијанскиот производител на автомобили го именуваше 52-годишниот Бенедето Винa за свој извршен директор, а функцијата ќе ја преземе од први септември оваа година.

Водечката позиција на Ferrari беше една од најпосакуваните во автомобилскиот свет пред да се воведат строги регулативи за намалување на емисиите на штетни гасови и не се зголеми потребата од високотехнолошки уреди во автомобилите.

Иако уште високо котира, Ferrari е релативно изолиран од овој тренд поради својата репутација на бренд што симболизира силен мотор со внатрешно согорување.

Затоа, новиот директор ќе се соочи со предизвикот да воспостави рамнотежа меѓу инженерите, љубителите на гласни мотори и помлади купувачи, кои бараат италијанскиот автомобил да користи чиста енергија, што веќе го прават Porsche и Lamborghini.

Фото: Pexels