Instagram – омилена алатка на инфлуенсерите

58

Инфлуенсерите стануваат сериозен “играч“ во маркетинг индустријата. Инфлуенсер маркетингот доживеа огромна експанзија во 2019-та година, а за оваа година се верува дека ќе надмине вредност од пет милијарди долари, покажува истражувањето на Media kix.com.

Според тоа, најомилен канал преку којшто инфлуенсерите го промовираат производот за којшто се платени им е Instagram. Па така, 78% веруваат дека најмоќна алатка е објава на Instagram, а 73% од нив се одлучиле за Story на истата социјална мрежа.

Потоа следуваат: YouTube видео (56%), Instagram видео (54%), објава на блог (26%), објава на Facebook (23%), објава на Twitter (18%), Facebook Live (14%), YouTube Live (10%).

Фото: Pexels