Интервју со Анџело Василевски од Батери Еволушн: Akumulatori.mk – нов и модерен начин за вистински избор на акумулатори и батерии во Македонија

2839

Една година постоење на првиот онлајн центар за сите видови акумулатори (akumulatori.mk), одбележуваат од Батери Еволушн, генерален увозник и дистрибутер на неколку светски брендови за акумулатори и батерии. Во интервју за Бизнис Инфо, генералниот менаџер на Батери Еволушн и креатор на akumulatori.mk, Анџело Василевски, зборува за идејата и начинот на којшто функционира онлајн платформата за продажба на акумулатори и батерии.

Бизнис Инфо: Како дојдовте до идејата за akumulatori.mk?

Аkumulatori.mk не е само онлајн платформа за купување на акумулатори и батерии, туку долгогодишна идеја и збир од сите производи и дистрибутери на нашата компанија, која од 2008 година е присутна на пазарот во Македонија како генерален увозник и дистрибутер на повеќе од 10 светски брендови, со најголем асортиман на пазарот за акумулатори и батерии и најдобра продажна мрежа во секој град во Македонија. Иако идејата постоеше многу одамна, следејќи го сè по брзиот и динамичен живот, каде автомобилот или останатите превозни средства станаа вистинска потреба, баш со почетокот на пандемијата одлучивме дека е вистински момент и предизвик да им го олесниме на луѓето изборот кога ќе дојде потребата за акумулатор или батерија која често може да се случи ненадејно и да одземе значително време.

Бизнис Инфо: Кои производи можат да се најдат на akumulatori.mk?

Развојот на автомобилската индустрија, напредокот на возилата и сè поголемите индустриски потреби за енергија бараат соодветен и стручен избор на акумулатор или батерија, за сигурен и долг живот на производот. Со текот на годините континуирано го следиме развојот и потребите на автомобилската индустрија и енергетиката и секогаш успевавме да одговориме со склучување на договори за дистрибуција на нови и сè понапредни производи. Денес Батери Еволушн е генерален увозник на најголемиот производител на акумулатори во светот, Exide technologies group (Exide, Hagen, Sonnenschein, Powerfit), Rombat batteries (производител на оригинални акумулатори за Renault, Nissan, Dacia, VW, Ford..), IntactGp bike power Germany (дел од МОТОGP), LONGKUNG, JYC, Nuova Brescia Accumulatori…

Од првиот ден мојата идеја беше да понудиме целосен асортиман на акумулатори и батерии за сите потреби на едно место и тоа Calcium, Carbon, AGM, EFB, GEL, Lithium-Ion акумулатори за конвенционални и старт-стоп автомобили, комерцијални товарни, агрo и градежни возила, мотори, скутери, чамци, бродови, ел-тротинети и скутери, индустриски батерии за упс, соларни и алармни системи, виљушкари, платформи, телекомуникациски системи и друго.

Бизнис Инфо: Како функционира akumulatori.mk?

Аkumulatori.mk е составена од три дела или чекори со кои крајниот купувач ќе може да направи вистински и квалитетен избор на акумулатор или батерија најсоодветно на своите потреби, дали е тоа автомобил, мотор, соларен систем или слично.

Првиот чекор се состои од избор на соодветен акумулатор според потребите. Во лесно разбирливи рубрики се поделени сите производи од акумулатори за автомобили, мотоцикли, чамци, упс, соларни, тротинети и друго. Според потребата, купувачот го избира производот кој највеќе му одговара според квалитет, цена и гарантен период.

Понатаму, во вториот чекор се впишани контакт информации за сите дистрибутери во секој град во Македонија или населба во Скопје. Тука е опфатена целата дистрибутивна мрежа на Батери Еволушн, која е составена од најдобрите продажни места за автомобилски резервни делови, акумулатори и слично, кои воедно имаат и најголемо искуство и познавање за акумулатори и батерии и ги поседуваат сите наши производи на залиха. Со тоа купувачот не само онлајн или виртуелно ги гледа нашите производи, туку може во било кој град во земјата да појде и да го погледне или се консултира за бараниот производ.

Во третиот чекор купувачот избира дали нарачката ќе ја направи преку контакт формата на нашиот сајт или директно ќе појде во еден од нашите дистрибутери и ќе си направи нарачка и купување на бараниот производ. Притоа добива бесплатна испорака, професионална промена на акумулаторот од нашите дистрибутери и гаранција.

Бизнис Инфо: Дали мислите дека овој дигитален начин на комуникација и продажба ќе стане секојдневие и во автомобилската индустрија?

Аkumulatori.mk е еден проект којшто е збир од новите, модерни навики и потреби за купување и огромното искуство на менаџментот и дистрибутивната мрежа на Батери Еволушн. Нашата крајна цел е задоволни купувачи на кои сме им помогнале на полесен начин да дојдат до професионално решение за своите приватни или деловни потреби. Затоа сметам дека доколку се направи вистинска комбинација од новите алатки за работа и информирање на купувачите преку сајтови, социјални мрежи и слично и сериозна продажна мрежа, брза и навремена услуга и квалитетни производи секако дека и ние можеме да бидеме дел од дигиталниот свет.