Инвестиција која ќе ви донесе мир далеку од градскиот метеж

23

m1

Во еден од најубавите предели во Македонија се простира Станбениот Комплекс Маврово, идеален за сите оние кои сакаат да имаат свој личен простор во кој ќе уживаат со неверојатен поглед на планините, синото езеро и сите убавини што ги нуди природата. Чистиот воздух, сонцето и мирот што таму ги наоѓаме, нѐ мамат да се тргнеме од градскиот метеж и да уживаме во природните убавини.

Побрзајте и обезбедете си ја својата идна викенд – дестинација, искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани по најповолни цени и имајте ваше прибежиште каде ќе го поминувате секој викенд, празник или пак било кој ден од годината кога и да посакате.

m2

Станбениот комплекс во Маврово располага со 105 апартмани со квадратура од 30 м2 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина.

Објектот се протега на површина од околу 6.000 метри квадратни, со голем паркинг простор околу самиот објект, како и посебен дел наменет за станарите да ја остават својата спортска опрема и притоа да бидат сигурни дека ќе биде безбедна. Во склоп на комплексот, обезбедено е место за приготвување на скара и организирање на пикник, семејни и пријателски собири. Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

m3

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.