Исланд е “најзелена“ земја во светот

103

Од клучно значење е да се зачува животната средина, а по ова прашање некои земји веќе имаат преземено значителни чекори за обезбедување на поздрав дом.

Исланд ја предводи листата на “најзелени“ земји на глобално ниво, а во топ 10 се најдоа следниве држави.

Исландиндекс за заштина на околината 93.5

Оваа северна земја е прва во светот по користење на одржливи извори за добивање на енергија. Се фокусира на производство електрична енергија и топлина од искористување на геотермалните извори. Исланд исто така игра огромна улога во борбата против загадување на океаните.

Швајцаријаиндекс 89.1

Швајцарија исто така се фокусира на производство на енергија користејќи обновливи извори и се залага за промоција на зелена економија. Освен тоа забранува користење на рурален простор за инфраструктурна експанзија.

Костарика – индекс 86.4

Костарика превзема строги мерки против загадување на воздухот и водата и се надева дека ќе стане јаглеродно неутрална земја до 2021 година. Таа исто така се смета за една од најсреќните земји во светот.

Шведскаиндекс 86.0

Покрај домашната грижа за поздрава животна среднина Шведска има склучено партнерство со нејзините соседи за зачувување на Балтичкото море и околниот екосистем.

Норвешка индекс 81.1

Норвешка покрај искористувањето на обновливите извори за добивање на енергија забранува испуштање на стакленички гасови од комерцијалните и станбените објекти.

Следните пет на листата се Маурициус, Франција, Австрија, Куба, Колумбија.

Фото:Pixabay