Истражување: Хрватските извозници немаат соодветни интернет страни

20

web

Корпоративните интернет страни на хрватските Б2Б извозници едвај ги задоволуваат основните информативни потреби на купувачите, а дури 46% од нив не содржат основни алатки потребни за мерење на маркетинг ефективноста, стои во најновото истражување на консултантската куќа за дигитален маркетинг Logit. Истражувањето е спроведено на 189 хрватски фирми кои пружаат производи, услуги и/или решенија на други фирми, како на домашен, така и на странски пазар, пишува Пословни пулс.

Според истражувањето на Logit, иако корпоративните веб страни на многу хрватски фирми делуваат модерно, некои од нив не се ефикасни и главно не се конкурентни во однос на веб страните на нивните глобални конкуренти. Истражувањето покажува дека 49,7% од фирмите на интернет страните немаат образец за поставување прашања, 88% не користат имејл билтен (newsletter), а скоро половина од фирмите немаат референтни листи, односно попис со купувачи со кои соработувале. Дури 95,2% веб страни немаат коментари од задоволни корисници (testimonials), содржина којашто докажано влијае врз одлуката за купување.