Истражување: Велосипедските патеки се добри за бизнисот

56

Велосипедските патеки на улиците влијаат позитивно врз бизнисот во околината, покажува истражување спроведено во Канада. Како пример била земена улицата Bloor во градот, пишува Tree Hugger.

Ова го потврди анализа од Универзитетот во Торонто и Центарот за активен транспорт, којашто зема предвид: број на купувачи, потрошена сума, фреквентност на потрошувачи и број на дуќани.

Рестораните и баровите имале многу повеќе посетители откако била поставена велосипедската лента, купувачите трошеле повеќе, се зголемил бројот на велосипедисти од 8% на 22% и слично.

Иако на велосипед не може да се понесе многу, како што е случајот со автомобил, сепак бројот на купувачи бил значително поголем од причина што местото станало побезбедно.

И други спроведени истражувања покажуваат дека велосипедските патеки може да бидат дел од фреквентни улици со повеќе продавници и дуќани без никакви негативни ефекти.

Фото: Pixabay