Италија очекува брзо закрепнување на туризмот ова лето

16

Туризмот брзо ќе закрепне ова лето, но враќање на претпандемиско ниво оваа година уште не може да се очекува, изјави италијанскиот министер за туризам, Масимо Гаравагли.

“Се надевам дека до почетокот на јуни ќе има причина за славење“, рекол тој.

Владата на Италија наскоро ќе претстави конкретен план за туризам, а земјата се залага за брзо воведување на европски здравствен пасош којшто би требало да содржи податоци за вакцини против коронавирусот.

Туризмот до пред пандемијата чинел околу 13% од италијанската економија. Во Италија на сила се и ограничувањата за да се спречи ширење на пандемијата.

Фото: Pixabay