Италија со поддршка за домаќинки, невработени жени и млади мајки

50

Властите во Италија одвоија три милиони евра што треба да се искористат како директна финансиска поддршка за околу 7,5 милиони италијански домаќинства и невработени жени.

Освен директна парична поддршка, овие пари ќе бидат искористени и за различни курсеви коишто ќе им помогнат на домаќинките да стекнат знаење и искуство за некоја професија, пренесуваат италијанските медиуми.

Италија беше силно погодена од пандемијата, а домаќинките и невработените жени се еден од најчувствителните сегменти во општеството, па новонастанатите услови само ја отежнаа ситуацијата.

Во оваа мерка е предвидена и помош за новороденчиња, млади мајки, но и ретроактивно за сите жени кои се породени во последната година.

Фото: Freepik