Италија со трговски суфицит од 6,2 милијарди евра во јуни

110

Италија во јуни оваа година оствари трговски суфицит во трговската размена со остатокот од светот во висина од 6,2 милијарди евра во однос на 5,7 милијарди евра во истиот период лани, покажуваат официјалните статистички податоци.

Со земјите од Европската унија, Италија во јуни забележат суфицит од 1,56 милијарди евра, во споредба со суфицитот од 706 милиони долари во 2019 година.

Извозот во јуни беше понизок за 12% на годишно ниво, а увозот за 15,6%, пренесува Ројтерс. Податоците покажуваат дека извозот во земјите на ЕУ во јуни е понизок за 9,2%, а увозот за 13.8%.

Личната потрошувачка е зголемена за 9,8%, додека производството на интермедијарни добра бележи пораст од 9%. Најмал раст, од само 2,1%, има кај производството на електрична енергија.

Фото: Freepik