Италијанска банка одвојува 50 милијарди евра за “зелени“ инвестиции

29

Најголемата италијанска банка, Intesa Sanpaolo одвојува 50 милијарди евра за поддршка и финансирање на “зелени“ инвестиции во земјата, пишува Reuters.

“Мислам дека во Италија може да се одвојат 150 милијарди евра. Подготвени сме да финансираме 50 милијарди евра за поддршка на зелената економија“, изјави Карло Месина, главен извршен директор на банката,

Оваа одлука следи откако Европската унија го објави планот за инвестиции во одржливи проекти, со којшто во следните 10 години се очекуваат над илјада милијарди евра инвестиции за заштита на животната средина, намалување на штетните емисии и климатски промени до 2050-та година.

Фото: Pexels