Италијанска компанија ќе гради четири мали хидроелектрани во Македонија

22

Италијанската градежна компанија Кондоте инвестира 19 милиони евра во изградба на четири мали хидроелектрани во Македонија, пишува Миа.

Електраната на Ештеричка река, над Пробиштип, е готова и ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба.

“Инвестицијата на Кондоте ангажира многу локални компании што придонесе за развој на регионалната економија, но посебно радува фактот што иако компанијата влегува со само 19 милиони евра, претставува потенцијален инвеститор којшто ќе продолжи да вложува во Македонија“, рече министерот за економија Беким Незири.

Претседателот и сопственик на Кондоте, Дучо Асталди изрази задоволство од соработката со македонските надлежни институции и партнерот ИМПГ ДОО Скопје.

Италијанската градежна компанија е една од водечките во светот, а на македонскиот пазар влезе во 2013 година. Има традиција од преку 130 години и гради инфраструктурни проекти на сите континенти, остварувајќи годишен обрт од 1,2 милијарди евра.