Издадени 274 одобренија за градење во јуни

19

Вкупно 274 одобренија за градење се издадени во јуни, што е за 47,3% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405.372.000 денари, што е за 52,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63,5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (10,9%) за објекти од нискоградба и 70 (25,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 274 објекти, на 169 (61,7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (38,3%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период предвидена е изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63.032 метри квадратни.