Изгледот и здравјето на косата се одраз на целокупното здравје

183
1
д-р Елена Арсова, трихолог во Центар за коса 101 Hair Care

Најдете време за себе. Здравите навики во исхраната, добриот стил на живот се одразуваат на комплетното здравје и на здравјето на косата. Добар сон, храна богата со протеини и витамини, помалку цигари и алкохол се добра основа за квалитетна коса, порачува д-р Елена Арсова, трихолог во Центар за коса 101 Hair Care.

БИ: Д-р Арсова, 101 Hair Care постои на пазарот веќе две години. Кои бенефити ги имаат клиентите со овој центар?

101 Hair Care е препознатлив по медицинскиот тим од доктори – трихолози и сертифицирани медицински сестри – терапевти. Единствено нашите доктори се специјалисти за проблеми со опаѓање на коса и проблеми на скалпот. Бенефитот за клиентите е што за својот проблем со губење на косата можат да се обратат кај стручни лица кои не само што правилно ќе ја дијагностицираат формата на опаѓање на косата, туку ќе направат и индивидуализиран план на терапија за стимулација на растот на косата. Со современата трихолошка анализа, освен преглед на значајните параметри на косата и фоликулите, може да се следи и прогресот на третманот и резултатите од терапијата.

БИ: Отприлика пред една година отворивте центар и во Белград. Кои беа предизвиците за да се проширите на пазарот во соседна Србија?

Успехот во Македонија ни покажа дека нашиот центар го понуди токму тоа што недостасуваше на медицинскиот пазар, квалитетен тим, професионална услуга и ефикасни третмани. Концепт кој е добро осмислен и поставен на цврсти основи е предодреден за успех.  Анализата на пазарот во Србија покажа сличност со нашиот и верувавме дека нашите високи стандарди во работата и таму ќе бидат препознаени и прифатени. Освојувањето на таков пазар е само по себе предизвик и бараше безрезервна посветеност.

БИ: Можете ли да направите разлика помеѓу Македонците и Србите во однос на грижата за косата?

2Грижата за сопствениот изглед е карактеристика и на Македонците и на Србите. Уште повеќе, изгледот на косата е значаен за секој маж и жена, независно од каде доаѓа. Сепак, за нијанса Србите се повеќе посветени на решавање на својот проблем со косата. Вербата во третманот и докторката, желбата да ја вратат својата коса и нивната дисциплина во спроведување на третманот ме воодушевува. Неприкосновен е успехот во третманот кога освен добар доктор и ефикасен производ имате и посветен пациент. Во Македонија за жал, пазарот е оптеретен со лажни производи кои се презентирани како “лек за ќелавост“ или “лек за седа коса“ од “фантом“ фирми кои ветуваат 100% резултати во растот на косата, од импровизирани протоколи на третман. За жал, добивам впечаток дека за многу личности е попривлечно магично решение отколку реално. Но, медицината не е магија туку конкретна наука. Затоа пациентите треба внимателно да избираат производ кој е препорачан од стручно лице – трихолог.

БИ: Кои третмани ги нудите како Центар за коса и како изгледа еден третман за коса кај вас?

Третманите во 101 Hair Care се наменети за решавање на различни проблеми со опаѓање на косата и скалпот. Ласерската биостимулација, 101 третманите и микронидлинг мезотерапијата се незаменливи за стимулација на растот на косата, а резултатите се неприкосновени. Третманите за перут со кислородна инфузија или сауна третманот за масна коса ги воодушевуваат клиентите со брзите резултати за проблеми кои ги мачат со години. Леонор спа третманот за коса е незаменливо уживање за секој клиент, а косата после третманот е неодолива. Сите наши третмани се уникатни и се индивидуализирани за секој клиент согласно проблемот со косата или скалпот. Производите и апаратурата која ќе биде вклучена во третманот се избира за секој клиент посебно по трихолошката анализа на косата и скалпот.

БИ: Како клиенти, кој има поголема потреба за нега на косата како и решавање на проблемите со косата, мажите или жените?

Проблемите со опаѓање на косата сепак повеќе се застапени кај мажите, поради поголемата генетска предиспозиција, иако, за жал, континуирано се зголемува и процентот на жени кај кои се јавува овој проблем. Негата на косата е потребна повеќе кај жените поради честите хемиски третмани – фарбање, бланширање, механичко и термичко оптеретување со одредени фризури, екстензии, фенирање, пегли за коса. Мојата цел е да им укажам на пациентите дека и косата старее, опаѓа и се менува. Косата не треба да ја земаме здраво за готово, туку да се грижиме за неа посветено.

БИ: Вам како трихолог, кој ви беше предизвикот да ги решавате проблемите со косата?

Косата не е само атрактивна од естетски аспект, туку е интересна и од медицински аспект. Изгледот и здравјето на косата е одраз на целокупното здравје. Хормонален дисбаланс, неадекватна исхрана, стрес, лекарства и ред  други работи, имаат директно влијание на косата. Честото повикување на тоа дека губењето на косата е само наследно и не може ништо да се направи, ми беше вистинска провокација и предизвик да покажеме дека медицината напредува во секој сегмент, вклучително и трихологијата, всушност дека решение за опаѓањето на косата постои.

3

БИ: Од вашите клиенти, дел се и бизнисмени кои сè почесто имаат проблеми со косата. Од што се јавуваат токму нивните проблеми со косата?

Стилот на живот, начинот на исхрана и лошите навики имаат влијание на нашата коса и скалп. Дел од нашите клиенти кои се на менаџерски позиции имаат проблеми со перут и осетливост на скалпот. Најчесто тоа се должи на нивното динамично темпо на живот, чести патувања, брза храна, долги работни саати, стрес и работа под притисок. Нивната функција не дозволува преголема промена во стилот на живот, иако тоа го препорачувам, но со адекватни шампони и третмани за само еден месец кожата на скалпот може да се нормализира. Другиот чест проблем е секако зголемено опаѓање на коса поради исто така стресните ситуации со кои се справуваат секој ден. Опаѓањето може да биде транзиторно, а може и да остави последица кај генетски предиспонираните луѓе за губење на косата. Секако и опаѓањето може да се стави под контрола и да се врати изгубената коса, но со малку подолгорочен третман.

БИ: Какви совети би им дале на бизнисмените со цел да си го подобрат и одржат здравјето на косата?

Да најдат време за себе. Здравите навики во исхраната, добриот стил на живот се одразуваат на комплетното здравје и на здравјето на косата. Добар сон, храна богата со протеини и витамини, помалку цигари и алкохол се добра основа за квалитетна коса. Но и адекватни производи за коса се неопходни за негата на косата и скалпот. Искуството ми покажа дека поради огромниот број обврски, бизнисментите често не успеваат навремено да реагираат на сопствените здравствени проблеми. Затоа би предупредила дека навременото реагирање на проблемите со коса е предуслов за комплетно успешен третман.