Изградбата на луксузни јахти им носи приходи од над милијарда долари

124

Секторот за изградба на луксузни јахти во турската провинција Анталија генерираше 1,2 милијарди долари, со што е еден меѓу најголемите глобални “играчи“ заедно со Италија и Холандија, пишува Хуријет.

“Од 2000 година сме во овој бизнис. Сега тука има 50 компании. Досега изградивме и испорачавме околу 460 ултра луксузни јахти“, вели Зеки Гурсес, од компанија што произведува јахти во Анталија.

Досега најголемата супер јахта што е направена има должина од 63 метри, за прв пат заплови лани и е продадена на британски бизнисмен за 40 милиони долари. Во овој момент работат на уште подолга јахта, од 70 метри, што треба да биде завршена во декември следната година.

Минатата година, во Анталија се продадени 132 нови јахти, а 114 биле репарирани.

Фото: Freepik