Израел планира целосно отворање на економијата во април

44

Израел планира целосно да ја отвори својата економија до петти април, откако ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои ги исполнуваат условите, а во план е да се отворат фабрики за производство на вакцини од компаниите Pfizer и Moderna во Израел, откри премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Досега, Израел ги увезуваше вакцините Pfizer/ BioNTech и Модерна, а најмалку 50% од населението во земјата, од девет милиони граѓани добија една доза, пренесува Ројтерс.

Во неделата, Израел веќе даде “зелено светло“ за отворање на голем број деловни активности, вклучувајќи трговски центри, како и некои објекти во кои можат да влезат само луѓе кои биле ревакцинирани или прележале Ковид.

Многу деца се вратија на училиште, но средношколците сè уште учат онлајн, додека рестораните можат да продаваат храна само за да носење.
Нетанјаху верува дека сите Израелци кои ги исполнуваат условите ќе бидат вакцинирани до крајот на март, така што целата економија ќе може да се отвори на почетокот на април.

Фото: Pixabay