Израелски старт-ап создаде авион што прелетува 1.000 километри на батерии

0
0

Израелскиот старт-ап Eviation креираше прототип на електричен авион што може да помине 1.000 километри само на батерии, пишува Times of Israel.

Alice има футуристички и модерен изглед, а според компанијата е првиот целосно електричен патнички авион. Само на батеријата отпаѓа 65% од тежината на леталото, а може да пренесе девет патници и двајца членови на екипажот.

Неговиот изглед што потсетува на кит е ја има таа форма поради “потребата да се биде максимално аеродинамички ефикасен“.

Од Eviation се надеваат дека во иднина овие авиони ќе бидат поголеми и ќе можат да патуваат на подолги релации, а компанијата планира да ги намали трошоците на кратки релации на една петтина од моменталната цена.

Сепак потребни се уште неколку години на тест летови за да може авионот да добие официјална дозвола за летање.

Фото Eviation