Извоз 2020 vs 2019: Во Норвешка намален за 19,4%

23

Норвешка во текот на минатата година на странски пазари пласираше производи во вредност од 82,8 милијарди долари, што е за 19,4% помалку во однос на 2019 година.

Анализата на World’s top exports покажува дека 75,7% од извозот на скандинавската земја е насочен кон европските пазари, а 16,2% во насока на Азија. Од вкупниот извоз на Норвешка, 5% завршуваат во САД, а 1,8% во Африка.

Вкупно 80,1% од производите на Норвешка се извезуваат во овие земји: Велика Британија (17,5%), Германија (11,7%), Шведска (9,9%), Холандија (9,9%), Кина (7,8%), Франција (5,1%), Данска (4,2%), САД (4%), Белгија (3,8%), Полска (2,7%), Шпанија (1,8%) и Јужна Кореја (1,7%).

Норвешка има 5,4 милиони жители, па со вкупно 82,8 милијарди долари извоз во 2020 година, по глава жител отпаѓаат 15.400 долари.

Скоро половина од вкупниот извоз (49,4%) на Норвешка го сочинуваат минералните горива и нафтата со заработка од 40,9 милијарди долари. Меѓу најголемите извозни производи на Норвешка се и: рива (10,7 милијарди долари), компјутери (4,1 милијарда долари), алуминиум (3,3 милијарди долари) и електрична опрема (2,4 милијарди долари).

Фото: Pexels