Извозот на кафе им носи заработка од неколку милијарди долари

22

Бразил е најголем извозник на кафе во зрно во светот од што минатата година инкасираше 3,84 милијарди долари или 18,37% помалку одошто во 2019 година, покажуваат податоците на Tridge.

Со заработка од 2,86 милијарди долари, втор најголем извозник е Швајцарија, чиј извоз лани е зголемен за 13,85%. Зад нејзе е Германија со извоз од 2,61 милијарда долари или 8,25% повеќе во споредба со 2019 година.

Меѓу 10-те најголеми извозници на кафе се и: Колумбија (2,36 милијарди долари), Виетнам (1,74 милијарди долари), Италија (1,70 милијарди долари), Франција (1,16 милијарди долари), Хондурас (866 милиони долари), Холандија (814 милиони долари) и САД (786 милиони долари).

Фото: Freepik