Ја признаа грешката – вакцината на Оксфорд под знак прашалник

112

Компанијата AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирањето на вакцината против коронавирусот, што иницира многу прашања во врска со прелиминарните резултати што ги објавиле.

Соопштението беше објавено вчера, само неколку дена откако компанијата и Универзитетот објавија дека нивната вакцина е многу ефикасна не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не ја примиле целата доза за време на првата од двете вакцинации.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помало количество вакцина е подобро заштитена од волонтерите што примиле две цели дози.

Во групата со ниски дози, според AstraZeneca, вакцината се чини дека е ефикасна во 90% од случаите, а кај групата што примила две полни дози била забележана ефикасност од 62%. Комбинирајќи ги двете групи, компанијата соопшти дека вакцината дејствувала во 70% oд случаите. Сепак, начинот на добивање на резултатите натералo многу експерти да ги преиспитаат своите методи.

Во изјавата од Оксфорд се вели дека некои шишиња користени во студијата немале соодветна концентрација на вакцината, па затоа некои волонтери добиле половина од дозата. Универзитетот рече дека разговарал за ова прашање со регулаторите и се согласил тестот во доцната фаза да заврши со две групи. Според нив, проблемот поврзан со производството е исправен.

Фото: Pixabay