Јака 80 прокнижи загуба од 13 милиони денари за девет месеци

20

jaka 80

Компанијата Јака 80 од Радовиш оствари загуба од 13.095.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата остварила загуба од 36.903.000 денари.

Приходите од придажба изнесуваат 59.084.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 32.730.000 денари, додека од остатокот од 26.354.000 денари се реализирани на странски пазари.

По објавата на невидираниот биланс на успех, компанијата известува дека согласно решението на Основниот суд Скопје 2 врз компанијата Јака 80 АД се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка.