Јануарската пензија и социјалната помош целосно исплатени

42

old_peopleОд министерството за финансии информирааат дека јануарската пензија односно социјалната парична помош денес е исплатена во целост.

Исплатен е износ од три милијарди и 91 милион денари на 279.197 пензионери, кои примаат старосна, семејна или инвалидска пензија.

Според соопштението, социјалната помош е исплатена вчера на 34.008 корисници на социјална парична помош и 26.540 корисници на туѓа нега.

“Министерството за финансии им се заблагодарува на пензионерите и примателите на социјална помош за поддршката за донесувањето на буџетот и неговото финансирање што создаде основа за редовна исплата и почнувајќи од март зголемување на пензиите и социјалната помош”, се вели во соопштението.

Во соопштението понатаму се вели дека без разлика на кризата, Министерството за финансии и Владата и во вакви тешки околности и натаму ќе продолжат со поддршка и редовна исплата на пензиите и социјалната помош.