Јапонија: Облека од активен јаглен што сама се чисти

47

Senscommon, бренд за облека од Токио, заедно со јапонската компанија Uchino креираа колекција создадена од активен јаглен.

On Journey collection се состои од минималистички парчиња, како маички со кратки ракави, шорцеви, кошули, џемпери, наметки и пантолони. Сите модели имаат џебови, едноставен изглед и метални детали, пишува Dezeen.

Облеката е направена со помош на технологија за добивање на влакна од активен јаглен. Според креаторите, колекцијата “се грижи за комфорот и здравјето“ на корисникот, благодарение на способноста сама да се чисти. За таа цел, Senscommon одбра специјални влакна од јаглен што имаат природно сива боја и текстура што “дише“. Облеката ја елиминира непријатната миризба, влага, бактериите, надворешните хемикалии и ја регулира температурата на телото.

Фото: Senscommon