Јавен повик за аплицирање на студенти за волонтирање во УЈП

60

Фото: Pixabay

Управата за јавни приходи (УЈП) објави Јавен повик за аплицирање на кандидати – студенти за волонтирање во Управата.

УЈП има потреба од ангажирање на волонтери – студенти, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти кои немаат сè уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки и имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутери MS Windows, MS Office, односно корисничко познавање од мобилни оперативни системи (Android, IOS) и мобилни кориснички апликации, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици.