
Друштвото Факом АД Скопје, чијашто хартии од вредност се котирани на Официјалниот пазар на Македонската берза, доби јавна опомена.
Како што информира Македонската берза, опомената е изречена затоа што Факом не ги објавил целосните материјали за седница на собранието на акционери во рок од два дена од денот на свикувањето, што е спротивно на член 39, став 5 од Правилата за котација.













