Јавна презентација на мерките за окрупнување на земјоделско земјиште

24

Јавна презентација на мерките и активностите на процесот на окрупнување на земјоделското земјиште ќе се одржи денеска во Свети Николе.

Презентацијата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој ќе ја посети и демо фармата што се наоѓа на влезот во Свети Николе.