Јовановска: Короната не влијае на сигурноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

93

ВД Директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска е оптимист во однос на кондицијата на Фондот за ПИОСМ. Во нејзиното  интервју за Локално изјави дека долгиот период на корона кризата резултирал со балансиран процес меѓу новите вработувања и отпуштањата.

“Потврда за тоа е и податокот дека нема поместување на соодносот корисник на пензија и осигуреник, кој во моментов е 1:1,81’’, вели Јовановска.

Овој сооднос очекува дополнително да се подобри по кризата, со владините мерки за зголемување на вработеноста, од странските инвестиции, проектите за задржување и отворање нови работни места. Сето тоа, вели Јовановска, ќе ја зголеми бројноста на вработената продуктивна сила што е важно за приходната страна на Фондот.

Место за загриженост не препознава ниту во предлог измените на законот кои предвидуваат задолжително пензионирање на работници на 64 години кај мажи и 62 години кај жени. Зависноста на ПИОСМ од Буџетот се намалува вели таа, а доказ за тоа е фактот што во лани во однос на 2018 година се трансферирани 20 милиони евра помалку.

Најавува ангажирање на повеќе лекари специјалисти и формирање на неколку комисии за оцена на работната способност, наместо досегашната пракса, проценката да ја прави само една комисија. Целта е да нема застои и да се забрза остварувањето на правата на граѓанинот кои произлегуваат од проценка на инвалидноста.

Фото :Freepik