ЈП Водовод и канализација воведе нова web услуга за електронско плаќање

280

ПЛАТИ БРЗО е новата web услуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој Водовод.

На елетронскиот сервис ПЛАТИ БРЗО со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија а тоа претставува одлична можност особено за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а ги користат услугите на ЈП Водовод и канализација. 

Дополнително на електронскиот систем овозможени се сите шалтерски услуги како:
• започнување процедура за ажурирање на лични податоци;
• преглед на долгот;
• плаќање на сметки или рати, (со било која Visa, Maesto или Mastercard картичка издадена од домашна или странска банка);
• ажурирање на состојбата на потрошувачка на водомерите;
• пријавување дефект;
• електронска достава на месечна фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки;

Плаќањето преку новата web услуга може да се изврши на следниот линк.