ЈП за државни патишта ќе продолжи со инвестициите во Источна Македонија

11

Јавното претпријатије за државни патишта и оваа година ќе продолжи да работи на рехабилитација и инвестиција на регионалната патна мрежа во Источна Македонија.
“Завршивме со асфалтирање на делницата Кочани-Виница до раскрсницата кај месноста Превалец во должина од 2 километри, а деновиве ја поставуваме и сигнализацијата на овој патен правец. За оваа намена се потрошени 200.000 денари од нашиот буџет”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Паралелно со активностите за поставување на сообраќајната сигнализација, се работи и на втората делница во должина од 4 километри од Македонска Каменица до Делчево, особено во оние делови каде има наноси од камен и земја.
Георгиевски најави дека во следниот период ќе се работи на патниот правец Штип-Кочани, каде претпријатието пристапи кон проектирање на оваа делница во должина од 27 километри и широчина од 12 метри.