ЈСП доби автобус на струја

165

Фото: Grad Skopje

Во јавниот сообраќај во Скопје од денеска се вклучи автобус на струја, информираше Град Скопје. Во наредниве 6 месеци тој ќе вози нa линијата 15. Автобусот ќе биде дел од тест периодот на еко-автобуси во градскиот сообраќај, по што Град Скопје и ЈСП Скопје ќе треба да одлучат со какви автобуси ќе го модернизираат возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие.

Станиците за полнење на автобусот, што ги постави ЕВН, се наоѓаат на крајната, односно почетната станица на 15 во Ново Лисиче и во Карпош 4 .

“Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз. Вложувањето во јавен градски превоз којшто е енергетски ефикасен и што не го загадува воздухот е влог во создавањето здрава животна средина. Годинава предвидовме буџет за субвенции за набавка на еко-автобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари“, изјави градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата на автобусот.

Во Скопје веќе сообраќаат два еко-автобуси на гас, на линијата број 5 и на линијата број 2.