Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто – додадената вредност во земјоделството

14

Во креирањето на бруто – додадената вредност во земјоделството во земјава во 2013 година, најголемо учество има Југоисточниот регион со 29,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Потоа следи Пелагонискиот регион со 19,8%, додека најмало учество има Југозападниот регион со 3,7%.

Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 34,8%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Полошкиот регион со 20%.