Jyroball – сферично, мини електрично возило

25

Jyroball e малечко, електрично возило што наликува на топка, наменето за движење по урбаните улици. Од неговите странични делови се отвораат две педали на коишто “возачот“ ги става своите стапала и со балансирање странично, напред и назад стигнува на саканата дестинација.

Сферичното возило се движи со брзина од 20 километри на час, тежи девет килограми и има дијаметар од 25,4 сантиметри. Лесно е за транспорт, може да се наслони во агол од 15 степени, а со едно полнење на батеријата поминува 22,5 километри.

Дизајнирано е од страна на компанијата Moby, со седиште во Даблин, Ирска. Производот има цена од 499 долари, а испораките се очекуваат во август.

Фото: Jyroball