Каде во Европа е најпрофитабилно да се изнајмува недвижен имот?

147

Еуроњуз ги анализираше најновите податоци од Глобалниот водич за имот, ажуриран во првиот квартал од 2024 година, за да открие кои европски градови и земји нудат најдобри и најлоши приноси за недвижнини за изнајмување.

Топ 10 европски земји според приносите за изнајмување
Латвија, Ирска и Италија се на врвот на листата на земји со многу високи просечни приноси за изнајмување. Со принос од изнајмување од 8,06 отсто, Латвија се рангираше на самиот врв во Европа. Доколку останат стабилни, ќе бидат потребни приближно 12 години приход од изнајмување за да се поврати почетната инвестиција во недвижен имот во Латвија. Во Ирска и Италија, потребниот број на години би бил тринаесет и четиринаесет, соодветно.

Латвија – 8,06 отсто
Ирска – 7,85 отсто
Италија – 7,38 отсто
Романија – 6,63 отсто
Литванија – 6,44 отсто
Турција – 6,36 отсто
Велика Британија – 6,21 отсто
Шпанија – 6,17 отсто
Северна Македонија – 6 отсто
Црна Гора – 5,95 отсто

Топ 10 европски градови по принос на изнајмување
Кога се стеснуваме на големите европски градови, Даблин е лидер со просечен принос на изнајмување од 7,33 проценти. Во тој град двособните станови претставуваат најисплатлива инвестиција. Инвеститорот треба да вложи 365.000 евра со месечна закупнина од 2.500 евра, што би резултирало со принос до 8,22 отсто.

Истанбул и Рига се исто така атрактивни опции со просечни приноси за изнајмување од 6,6 и 6,5 проценти.

Даблин, Ирска – 7,33 отсто
Истанбул, Турција – 6,63 отсто
Рига, Латвија – 6,46 отсто
Букурешт, Романија – 6,36 отсто
Подгорица, Црна Гора – 5,7 отсто
Лисабон, Португалија – 5,65 отсто
Лондон, Велика Британија – 5,59 отсто
Брисел, Белгија – 5,54 отсто
Варшава, Полска – 5,51 отсто
Вилнус, Литванија – 5,47 отсто

10-те најлоши европски земји по принос на изнајмување
Луксембург, кој нуди најнизок принос од 2,67 отсто, е најмалку привлечен за инвеститорите. Двособен стан таму има просечна цена од 1,2 милиони евра. Меѓутоа, со просечна месечна кирија од 2.800 евра, оваа инвестиција носи бруто принос од само 2,7 отсто, затоа во Луксембург би биле потребни во просек 37 години за инвеститорот да ја врати почетната инвестиција во стан преку кирии, под претпоставка постојани приноси. Следува Швајцарија каде се потребни 33 години за да се врати инвестицијата. Инвеститорите во недвижности кои сакаат да го максимизираат приносот треба да се оддалечат од тие пазари.

Луксембург – 2,67 отсто
Швајцарија – 3,05 отсто
Австрија – 3,59 отсто
Малта – 3,66 отсто
Германија – 3,74 отсто
Норвешка – 3,79 отсто
Чешка – 3,95 отсто
Данска – 4,16 отсто
Белгија – 4,20 отсто
Финска – 4,24 отсто

10-те најлоши европски градови според приносот на изнајмување
Осло е на самиот врв со само 2,46 отсто просечен принос на изнајмување. На пример, еднособен стан на инвеститор би чинел 379.731 евро, а просечната месечна кирија е 894 евра, што резултира со принос од само 2,83 отсто. На второ место е Луксембург, а на трето Цирих. Инвеститорот би требало да инвестира 1,1 милион евра за да купи двособен стан во Цирих, но со просечна месечна кирија од 2.538 евра, бруто годишниот принос би бил само 2,8 отсто.

Осло, Норвешка – 2,46 отсто
Луксембург, Луксембург – 2,71 отсто
Цирих, Швајцарија – 2,79 отсто
Виена, Австрија – 3,64 отсто
Валета, Малта – 3,67 проценти
Хелсинки, Финска – 3,8 отсто
Берлин, Германија – 3,83 отсто
Софија, Бугарија – 4,04 отсто
Прага, Чешка – 4,05 отсто
Братислава, Словачка – 4,11 отсто