Каде живеат ултра богатите во светот?

91

Бројот на ултра богати во светот постојано расте. Според извештајот на Wealth – X, 265.490 лица во светот имаат богатство што надминува 30 милиони долари.

САД се татковина на најголем број ултра богати луѓе, односно таму живеат 81.340 богаташи со имот од над 30 милиони долари. Нивното вкупно богатство се проценува на 9,8 илјади милијарди долари. Следна е Кина со 24.965 ултра богати, па Јапонија со 17.855 богаташи.

Град којшто може да се пофали со најмногу ултра богати жители е Њујорк. Во градот што никогаш не спие има 8.980 ултра богаташи. Само 30 помалку ултра богаташи има во Хонг Конг, а Токио е роден град на 7.090 богаташи со имот од над 30 милиони долари, пишува Aljazeera.net.

Анализирано според бројот на жители, во Хонг Конг живеат 1.364 ултра богати на милион жители, во Швајцарија 848, Луксембург 699 и во САД 306.

Фото: Pixabay