Како “Ајнштајн“ од Њујоршката берза стана најпознат брокер

338

Wall Street e познат по сериозните изрази на лицата во костуми и кравати. Меѓутоа, ако некогаш сте прочитале некоја вест за Њујоршката берза, веројатно сте го сретнале името на Питер Тухман, човек кој се издвојува од оваа група. Со бушава коса во стилот на Ајнштајн и театрални гестови, Тухман ја прави Њујоршката берза интересно место.

Имено, фотографиите од 62-годишниот брокер, медиумите редовно ги користат за да прикажат “драма“ на берзата, па така Тухман стана заштитно лице на Wall Street.
Со својот изглед и интересно однесување стана најчесто фотографиран брокер на берзата во Њујорк.

Фотографијата на Питер Тухман на подот на Њујоршката берза најдобро ја отслика паниката поради избивање на финансиската криза.

Многу брокери се обидуваат да му станат конкуренција во фотографирање, но Тухман многу добро знае да им се спротивстави, бидејќи има различни начини да ја одржи својата популарност.

Тој започна со продажба на своите (Dow) капи што ги носи секој пат кога индексот преминува на нова граница. Тухман одржа и изложба наречена Уметност и пари на Њујоршката берза. Тој практично работи на развој на личен бренд. Во својата биографија на Тwitter, тој се опишува како “Ајнштајн од Вол Стрит“, поради неговата бела бушава коса. Често дава интервјуа и се појавува на телевизија.

Сепак, тврди дека многу сериозно си ја сфаќа работата и истакнува дека сите емоции кои ги искажува се реални.

Инаку, Тухман се занимава со оваа работа околу 35 години и вели дека никогаш не поседувал акции. Тврди дека ако би се грижел за сопствениот профит и загуба, не би можел да се концентрира на добросостојбата на своите клиенти.

Фото: Facebook