Како Бил Гејтс ја замислува иднината

136

Говорејќи за пандемијата со Ковид-19, основачот на Microsoft, Бил Гејтс ги изнесе своите размислувања за враќањето во т.н. “ стара нормалност“ и промените кои нè чекаат.

Во продолжение некои од неговите предвидувања кои ги објави порталот Inc.

  1. Состаноците на далечина ќе станат дел од често споменуваната “нова нормалност“. Пандемијата покажа дека во голем број од случаевите нема потреба од летање со авиони во други градови или губење време во сообраќај, бидејќи состанокот може да се одржи квалитетно и на некоја онлајн платформа. Истото се однесува и на учењето, советување со лекари и слично.
  2. Софтверот ќе се подобри – со сè поголемата популарност на  онлајн состаноците ќе се подобри и софтверот и алатките кои се користат за комуникации.
  3. Компаниите  ќе делат канцеларии во кои работниците ќе ротираат – бидејќи луѓето поретко ќе одат во канцеларија, компаниите би можеле да го делат работниот простор. Вработените на една компанија би доаѓале еден ден, а вработените од другата компанија другиот ден.
  4. Луѓето ќе имаат поголема можност за избор на местото на живеење – ако луѓето работат од далечина, на луѓето ќе им биде сеедно каде живеат, само ќе им треба брза и стабилна интернет врска.
  5. За следната пандемија ќе бидеме многу поподготвени – додека за коронавирусот светот не беше подготвен кога повторно би се појавил некој вирус за кој нема да имаме вакцина или лекови, светот ќе биде многу подготвен. Луѓето ќе имаат подобри алати за тестирање и поучно искуство.

Фото: Freepik