Како да ја зголемите продажбата кога никој не сака да купува

Продажбата е процес којшто на компанијата ѝ овозможува прилив на средства од производот или услугата што се нуди на пазарот. Многумина сметаат дека е вештина што бара многу труд, вложување, енергија и моќ за убедување. Вистински добрите продавачи имаат стратегија со којашто успеваат да го продадат дури и она што на купувачот не му треба.

Продажбата може да создаде многу главоболки, а тоа дотолку е поизразено во услови на криза кога буквално никој не сака да купува ништо, освен основни намирници.

Почитувајте ги потрошувачите

Ниту продавачот може без потрошувачите, ниту пак тие без продавачот. Оваа спрега го поврзува производот или услугата со неговиот краен корисник. Важно е да се следи нивното однесување, да се почитуваат нивните желби, да се направи прилагодување согласно потребите. Само на тој начин ќе им покажете дека ги почитувате нивни желби, па на ненаметлив начин ќе ја придобиете нивната доверба.

Имајте ја предвид сериозноста на ситуацијата

Иако можеби не е време да се цели на висока продажба, сепак не треба веднаш да се откажувате и да “кренете раце“ од сè. Најважно е да ја прилагодите понудата согласно актуелната состојба, да им оставите доволно простор на клиентите да размислат, да донесат правилна одлука. Не би било вкусно да им нудите скапо патување или луксузен накит, а луѓето да седат дома и да одвојуваат од буџетот само за основни намирници. Од друга страна, искористете ја можноста на луѓето да им се претставите во вистинско светло и да им покажете дека сте тука за нив и за време и по кризата.

Оставете сопствен печат којшто ќе ве направи препознатливи

Пазарот е преплавен најразлични производи или услуги што задоволуваат исти или слични потреби. Доколку и вие продавате таков производ, тогаш обидете се да направите нешто по што ќе го привлечете вниманието на купувачите и ќе се одвоите од “толпата“.

Не губете ги нервите во првите пет минути

Кризата трае и најверојатно ќе потрае, затоа наместо да бидете анксиозни, сочувајте ги нервите и развивајте нови продажни стратегии што се претпочитаат и даваат резултати во услови на криза.

Фото: Pixabay