Како да напредувате во кариерата ако работите од дома

63

Ако чувствувате дека вашата кариера оваа година стагнира поради општите околности (пандемија од Ковид – 19), сè уште не е доцна за почеток и пресврт со кој ќе внесете свежина во вашиот работен ангажман.

“Многу луѓе се загрижени бидејќи се надвор од канцеларијата и немаат физичка интеракција со колегите и клиентите“ оцени Дори Кларк автор на книгата Entrepreneurial You.
Тешко е да знаете како да го прилагодите своето однесување и активности со работата на далечина, бидејќи постои голема неизвесност, додава таа.

Кларк дава неколку совети како да ја одржите кариерата на прав пат:

Продолжете со запознавање на нови луѓе

Вмрежувањето е важен дел од напредокот во вашата кариера. Но, бидејќи класичните конференции, средби… не се случуваат, запознавањето на нови луѓе бара малку повеќе иницијатива.

Редовно барајте повратни информации

Добивањето повратни информации од претпоставените за да ги идентификувате областите на подобрување и да им дадете приоритет на вашите задачи, ќе ви помогне да напредувате.

Помогнете на шефот

Вашиот шеф игра голема улога во траекторијата на вашата кариера. И може да биде потешко да продолжите да градите добра врска кога немате средби во ходникот или други разговори лице в лице. Наоѓање начини да му помогнете на вашиот шеф може да ја унапреди вашата кариера на долг рок, давајќи ви повеќе можности и пристап до нови проекти.

Фото: Freepik